Малолетници нападнале врсник на Бит Пазар

Инцидент се случил во Бит Пазар Скопје, кога неколку малолетници физички нападнале малолетник.

„Денеска во 1:20 часот во СВР Скопје, 46-годишниот К.Р. од Скопје пријавил дека на 03.04.2024 околу 21:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија на социјална мрежа, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници“, извести МВР.

Оттаму велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: