Малолетници пукале кон воз на Железничката станица во Скопје

На 22.04.2020 во 17:00 часот било пријавено дека на дел од пругата пред влезниот сигнал на Железничката станица Скопје Север, во правец кон Железничка станица Ѓорче Петров, од неколку малолетници било пукано со воздушна пушка врз машина од товарниот воз, кој сообраќал на релација Трубарево-Јанковиќ.
При тоа било оштетено стакло од локомотивата.
При оштетувањето нема повредени лица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.