На 14.06.2024 во 13:40 часот во СВР Скопје, С.А.(51) од Скопје пријавил дека на 13.06.2024 на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку други малолетници.
Според пријавата, додека неколку малолетници го тепале, еден од нив нападот го снимал со мобилен телефон.
Се работи на расчистување на случајот.