Малолетничка со породилни болки била донесена на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што интервенирала полицијата, а нејзината мајка била приведена.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен од Клиниката во 13:40 часот, по што полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 38-годишната С.К. од Скопје.
Со таткото на малолетничката, исто така 38-годишен, бил извршен службен разговор, а за случајот бил известен и јавен обвинител.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
The post Малолетничка со породилни болки донесена на Гинекологија, мајката приведена appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



