Малолетнички натепале познаничка, ја снимале, па тоа го објавиле на социјалните мрежи

МВР информира дека вчера во 17 часот во СВР Скопје, Н.Б.(42) од Скопје пријавил дека на 24. овој месец во период од 21 до 22.20 часот на подрачјето на Центар, неговата малолетна ќерка во два наврати била физички нападната од четири малолетнички, кои ги познавала.

Настанот бил снимен со мобилен телефон и споделуван на социјалните мрежи.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.