Малта прифати шпански брод со мигранти

Шпански рибарски брод со 11 мигранти, спасени во близина на брегот на Либија, беше прифатен од страна на службите во Малта, соопштија денеска шпанските власти.
Малта, како и Италија, првично одбија да го прифатат бродот бидејќи мигрантите беа спасени во либиските води, објави АП.


Мигрантите од Нигерија, Сомалија, Судан, Сенегал и Египет беа спасени од гумен чамец кој се превртел во билзина на Либија.
Земјите од Европската унија се оспоруваат околу прашањето кој треба да ги прифати мигрантите од Северна Африка

Пронајдете не на следниве мрежи: