Малтретираното дете од Струмичко е во сместувачко семејство, ОЈО не бара притвор за таткото-насилник

За снимката со врзано дете во струмичко Ново Село, јавен обвинител од ОЈО Струмица наредил отворање истражна постапка против таткото на девојчето за кривично дело-Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, соопштија од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека детето, преку Центарот за социјални работи, е сместено во згрижувачко семејство, а за осомничениот ќе бидат предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште-престојувалиште, одземање на патна исправа, повремено јавување кај службено лице и забрана за приближување до девојчето, но не и притвор.

На социјалните мрежи вчера беше објавено вознемирувачко видео со врзаното дете, на кое се гледа како таткото го малтретира, додека детето плаче. „Слободен печат“ снимката не ја објави поради обѕири кон детето.

Пронајдете не на следниве мрежи: