Мал херој: Бебе тешко 1.500 грама го победи коронавирусот

Трејси Меквајер од Шкотска се сеќава на времето кога лекарите му земале брис од носот на нејзиното бебе старо само три недели за да го тестираат за коронавирус. Таа вели дека тоа е една од „најлошите работи“ што ги видела.
„Тоа беше прв пат кога го видов моето бебе како плаче“, рече Макгвајер.
„Ја држев, плачев и сакав само што е можно поскоро да заврши“, додаде таа.
Малата Пејтон е предвреме родена пред осум недели и тежела само 1,5 кг. Лекарите, по рутинскиот преглед, се загрижиле дека Трејси може да има прееклампсија и ја испратиле заедно со своето бебе во болницата во Ланаршир за дополнителни тестирања. Наскоро било откриено дека бебето е заразено со коронавирус, пренесува Би-Би-Си.
“Ми рекоа дека Пејтон е во ред и не мора премногу да се грижам. Мислам дека лекарот всушност сакаше да ме смири, но јас постојано плачев. Мислев: ‘Колку е добра таа, кога е толку слаба и ситна, како може да се бори?” раскажува Трејси.

На малечката Пејтон и биле дадени стероиди за да ги зајакне белите дробови, а на нејзината мајка и ’било кажано дека поради царскиот рез, мора да оди дома 14 дена и да се изолира од своето бебе.
“Му се молев на докторот по телефон да ме остави да бидам со неа. Колку и да внимаваа сите, сè уште сум нејзина мајка. Дури и да беше само настината, јас би сакала да бидам таму со неа”, се потсетува мајката.
Лекарите попуштиле и дозволиле Трејси да остане со Пејтон, но Адријан, таткото на девојчето, морал да оди дома и да биде во изолација.
Со текот на деновите, бројот на смртни случаи во Шкотска како резултат на компликации поврзани со коронавирус продолжи да се зголемува, но Пејтон почна да се опоравува. Таа и нејзината мајка во понеделникот биле отпуштени од болницата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.