32 годишниот Брајан Денемостје од Флорида се облекувал како секси домаќинка, заведувал мажи и ги носел во својот дом, а сега би можел да биде осуден на 10 години затвор.
Денемостје е прогласен за виновен за неовластено снимање порно филмови и нивно ширење на интернет.
Од 150 мажи, колку што успеал да намами во кревет, барем од 80 од нив не биле свесни дека ги снима. Сите мажи на неговите снимки или превез преку очите или затемнети маски за нуркање. Снимката ги поставувал на својата страна „StraightBoyz.net“, која во меѓувреме е укината. Меѓутоа, на разни порно сајтови уште повеќе може да се најде по некое видео.
На фотографиите кои би објавувал на Твитер и на кои се претставувал како хетеросексуалец маж, Брајан носи перика, високи потпетици, шминка со чипкаста црна долна облека или леопард принт.
Она што го снимал го објавувал на својата страна, а го продавал и на непознато лице кое се наоѓало надвор од САД.
-Кога некој би прашал може ли да биде сигурен дека во станот нема камери, Брајан би одговор дека е мажена за маж кој е во војска и дека не и паѓа на памет да се снима себе со друг маж, велат истражителите.
Ова не се единствени проблеми со законот за оваа „домаќинка“. На почетокот на летото го уапсиле поради секс со малолетник.