Тајлах Робертс (24), поранешна натпреварувачка за австралиски „Топ модел“, сега е блогерка која промовира позитивен став кон телото.
Своите полуголи фотографии не ги фотошопира на Инстаграм, туку без проблем ги покажува сите мали несовршености од кои секоја жена се срами.
Откако објави селфи со долна облека и го покажа целулитот, нејзините 47.000 следачи се воодушевиле.
„Можам да напишал долг статус за тоа колку ова претходно ме повредуваше и колку плачев бидејќи без незадоволна од својот изглед, но со поголемо задоволство ова ќе го објавам со намера да го прикажам целулитот како нешто нормално, со надеж дека некој ќе сфати дека и тоа е прекрасно“, рекла Тајлах.
Нејзините следачи веднаш го пофалиле овој храбар чекор и ја наградиле со повеќе од 5.000 лајкови.
„Како мајка на четири деца, ти благодарам за ова. Луѓето како тебе треба на идните генерации да им пренесат дека е сосема во ред да не бидеш совршен“, гласи еден од коментарите.
Тајлах уште претходно открила дека настојувањето да стане модел ја одвело на, како што рекла, мрачно место и постојано се прашувала дали некогаш ќе биде доволно слаба.
Под фотографиите – “како модел и несигурна личност“ и “денес“, напишала: „Сè што гледам на левата фотографија е тага, исцрпеност, несигурност и недостаток на самодоверба. Тоа е она на што се фокусира модната индустрија.“