Манекенка со 130 килограми на насловната на „Космополитен“

Британското издание на списанието „Космополитен“ ја отстапи насловната страница за манекенката Тес Холидеј, која со 130 килограми и височина од 165 сантиметри се смета за најдебелата професионална манекенка на светот.
– Уау, јас сум сега буквално „Космо-девојка“.

Не ми се верува дека го велам тоа. Ви благодарам, „Космополитен“, Доколку видев тело како моево на ваша насловна страница додека бев помлада, тоа ќе ми го променеше животот, напиша Тес на Твитер, објавувајќи ја насловната страница од списанието што излегува во продажба денеска.
Тес Холидеј, инаку мајка на две деца, важи за една од „најкрупните модели“ во овој вид шоу-бизнис, и нејзина мисија во животот е да ги урива предрасудите кон полните девојки и жени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.