Млекарниците Бимилк и Козјак се само дел од производителите кои производите наместо во милилитри започнале да ги произведуваат во килограми, за да ги заобиколат владините мерки со кои се ограничува цената на дел од производите, објави 4NEWS .
Јогурт, кисело млеко, кафе се само дел од производите кои деновиве може да се пронајдат во помали или поголеми амбалажи.
По воведувањето на есенската потрошувачка кошничка, само во четвртокот во еден ден инспектори од Државниот пазарен инспекторат изрекле казни во висина од 2 милиони денари.
А од почетокот на мерката до денеска, вкупниот износ е 4,3 милиони денари. Во некои маркети забележани се празни маркети, производителите вметнуваат и нови производи или пак ја намалуваат или зголемуваат грамажата на производот.
Вакви случаи се забележани кај кафето, лебот и киселото млеко.
„Освен кај кафето, имаме и кај киселото млеко кое што во одлуката е опфатено 400 грамско, а на пазарот наоѓаме и 300 грамско. Значи за многу краток период се вадат нови производи се со цел да се избегне да не бидат опфатени во одлуката. Ова 1000грама е ОК. Ова 1 килограм не е ОК. Јогурт 1 килограм не е ОК. Јогурт 180 грама. Разликата помеѓу 1000 грамови и 1 килограм е заштеда од 30 до 50 милиграми. Значи се оди на секаков начин, се со цел да се профитира повеќе“, изјави Горан Трајковски, директор на државниот пазарен инспекторат.