Вчера се појави во јавноста видео од Фуркан како се расправа со Софијанова. Потоа следеа лавина од реакции про и контра. Но секако секој беше информиран за овој „настан“. Денеска Клиниката за детски болести се јави со соопштение кое сосема се разликув аод обвинувањата на Фуркан, како и сумите кои во неговото видео се споменуваа. Останува на институциите да се произнесат за да конечно дознаеме која страна е во право и за што всушност се работи во случајот на СОФИЈАНОВА…
Клиниката за детски болести сака да ја информира јавноста дека месечната исплата на надоместоци на вработените се извршува со примена на Законот за здравствена заштита, каде што истите се утврдени во:
- Член 216 – Дежурство
- Член 217 – Посебен случај на дежурство
- Член 218 – Готовност
- Член 219 – Плата и дел од плата за работна успешност, и
- Член 220 – Додаток за работа во дежурство и готовност
Во овие членови е јасно наведено во кои околности и услови се исплаќаат надоместоците, за дежурствата кои се целосно утврдени, за состојба на готовност кога здравствениот работник треба да биде 24/7 достапен на телефон или со други сретства за комуникација, како и за сите останати надоместоци.
Сакаме да укажеме дека пресметката за надоместоците на директорката Аспазија Софијанова никогаш не била исплатена со надоместоци во износите кои беа на одредни документи презентирани во јавноста.
Клиниката за детски болести како институција секогаш била отворена за транспаретна соработка со медиумите дури и во ситуации кога нашето време било потребно на друго место имајќи ја во предив нашата приоритетна работа грижата за здравјето на пациентите.
На крајот изразуваме жалење за начинот на комуникација во текот на вчерашниот ден, стои во соопштението.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.