МАНУ се јавија со предлози за загадувањето. Но за промената на името никаде ги нема

Да се забрани увоз на возила постари од осум години во земјава, да се спроведуваат постојани контроли на издувните гасови на возилата и воведување казни за оние кои ги извадиле катализаторите од возилата. Постојано да се зголемува и акцизата на дизел горивото за неговата цена да се изедначи со цената на акцизата на дизелот.
Тоа се дел од препораките за намалување на загадувањето на животната средина, пред сè на воздухот, изнесени во новата студија на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), „Транспорт во Скопје реалност и предизвици – Патека кон зелен транспорт“, која беше презентирана на минатонеделната конференција „Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?“, која се одржа во МАНУ.
Извор: МЕТА: МАНУ конференција

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.