Марадона зад себе остави осум деца, најмалиот има само шест години- бурен живот со неколку жени кои му го поматија умот

Легендарниот фудбалер Диего Марадона за две децении брак со Клаудија Виљафана стана татко на две ќерки, а во тек на постапката за развод во 2005 година, Аргентинецот призна дека го има и вонбрачниот син Диего Синагра, кој го доби за време на тајна врска со Италијанката Кристијана Синагра.


Синот на Марадона се родил во 1986 година и тој е фудбалер кој никогаш не успеа да ги достигне успесите на татко му.
На почетококот на 2000 година, Диего ја доби и ќерката Џени за која не сакаше да прави тест и да провери дали е нејзин татко. Мајка на девојчето е поранешна девојка која работела во ноќен клуб и имала врска со прославениот фудбалер.


Се претпоставува дека најмладо од сите деца е шестгодишниот Диего Фернандо, кој го има од бракот со Вероника.
Но, тој нема само пет деца, туку осум, барем така призна Марадона пред неговата смрт.
До неодамна во јавност беше познато дека негови деца се само Далма, Џанина, Диего Синагра, Џана и Диего Фернандо, меѓутоа Аргентинецот призна уште три деца, чиј идентитет не е откриен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.