Диего Марадона пристигна во Неапол, на местото каде кон средината на осумдесеттите години од минатиот век се стекна со статус на божество.Марадона во тимот на Наполи пристигна од Барселона во 1984 година, потоа тој ја предводеше екипата до две шампионски титули во Серија А и една во Купот на УЕФА.Аргентинецот долго време не влегуваше во Италија поради даночниот долг кој изнесува околу 40 милиони евра.Ден пред неговото пристигнување се појави можноста тој да заврши во затвор, бидејќи при неговите претходни доаѓања во Италија, властите, редовно му одземаа вредни предмети, поради неплатениот данок.Неговиот адвокат, Ангело Писани, изјавил дека Марадона ја сака Италија, го обожува Неапол и дека не е личност која избегнува да плати данок.Диего Марадона пред половина година поднесе тужба против италијанските власти со која бара оштета од 50 милиони евра, поради штетата која му била нанесена во последните 10 години.Во тужбата се наведува дека Марадона не можел да потпише договори со некои италијански екипи, бидејќи му бил забранет влезот во земјата.Инаку, Марадона во Неапол допатува за да го гледа дербито во Серија А, кое во рамките на 27.коло, в петок, ќе го одиграат Наполи и Јувентус.
Макфакс Диего Марадона пристигна во Неапол, на местото каде кон средината на осумдесеттите години од минатиот век