Приказната за маргаринот почнува од пред два века, кога Наполеон III понудил награда за откривање на поевтина варијанта на путерот, наменет за војската.
Тогаш францускиот научник Иполит Меж-Муриес прв го создал и патентирал производот наречен олеомаргарин кој бил добиен од мастите од говедска лој. Маргаринот брзо се проширил низ светот, а со текот на времето се менувале неговиот состав и технологија на добивање. Од првата светска војна па се до денес, маргаринот се произведува од растителни масла. Еве неколку битни факти за и против редовно користење на маргаринот.
ВИСТИНА! Маргаринот „поздрава“ варијанта на путерот
Како производ добиен од растителни масла кои се богати со здрави незаситени масти, во текот на 70-те години од минатиот век маргаринот се смета за поздрава алтернатива на путерот. Тоа е така бидејќи во овој период се проширила веста за штетноста на заситените масти кои најмногу ги има во месото, млекото и секако путерот. Споредувајќи го составот на маргаринот со тој на путерот јасно било дека маргаринот е поздрав и како таков станува неизоставен дел на секојдневната исхрана.
MИТ! Маргаринот е само еден молекул различен од пластиката
Маргаринот како и другите растителни масти кои се добиваат индустриски, го користат процесот на хидрогенизација со кој од течните растителни масла се добиваат масти во цврста состојба, со подолг рок на траење и кои се многу погодни за пекарството бидејќи ги подобруваат текстурата и вкусот на пекарските производи. Науката докажала дека со хидрогенизација вештачки се создаваат т.н. транс масти кои се многу штетни за здравјето, па така маргаринот добиен од хидрогенизирани масти ја стекна својата лоша репутација. Оттогаш опаѓа популарноста на маргаринот, а се појавуваат и бројни сензационалистички тврдења и заблуди како тоа дека само еден молекул го делел маргаринот од пластиката, што секако не е точно, но сепак е причина зошто во голема мера и денес маргаринот се избегнува на семејните трпези.
ВИСТИНА! Постои маргарин без хидрогенизирани масти!
За среќа, во последните две децении, технолозите за храна најдоа начин како да се добие маргарин без транс масти, или нивното присуство да е сведено на минимални количини кои ги има и во природните масти. Новиот процес на производство целосно го избегнува методот на хидрогенизирање со што во маргаринот се зачувува добриот сооднос на две третини незаситени и една третина заситени масти, кој е препорачан во здравата исхрана. Вака добиените маргарини имаат помека текстура заради што се погодни за мачкање и се продаваат во пластична кутија. На нашиот пазар, ваков пример е маргаринот на Bords Eve. Науката докажала дека маргарините без хидрогенизирани масти го зголемуваат ХДЛ добриот холестерол во крвта со што значително го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Освен тоа, тие содржат и витамини А, Д и Е кои се многу значајни за организмот. Оттука, слободно мачкајте маргарин за доручек, но внимавајте да биде без хидрогенизирани масти.