Една од најубавите холивудски актерки Маргот Роби призна дека мислела дека не е доволно подготвена за улогата на Наоми во филмот „Волкот од Волстрит“.
– ,,Бев преплашена дека луѓето ќе го видат филмот и ќе помислат: „Уф! Таа не е доволно добра“. Во сценариото пишуваше дека мојот лик е „најсекси русокоса досега“, а јасно е дека не сум” – изјави таа во интервју за „Wonderland“.
Да потсетиме, Маргот неодамна откри дека се повредила за време на снимањето на сцената со Леонардо ди Каприо.
– ,,Лежев на куп лажни пари и добив исекотини на грбот од сите тие пари. Не беше толку гламурозно како што можеше да изгледа. Ако некој некогаш планира да има секс на куп пари, немојте” – рече актерката.
Таа истакна дека полесно би било ако парите се помеки и сè би било подобро, бидејќи лажните пари се како остра хартија.
– ,,Кога станав од креветот, се свртев да ја земам наметката и сите останаа без здив. Ги прашав што не е во ред со нив и ми рекоа дека изгледам како да ме тепале. Грбот ми беше покриен со исекотини” – додаде таа.
Актерката претходно откри дека се двоумела дали да ги снима сцените во кои таа е гола, но дека се согласила по убедувањето на режисерот.
Маргот, која многумина ја нарекуваат најубава жена на светот, била многу нервозна пред да сними интимна сцена на подот со Леонардо ди Каприо, а за дополнително да се охрабри испила неколку чашички текила.
– Нема да ве лажам, испив неколку чашички текила пред да ја снимам таа сцена на подот. Бев многу, многу нервозна – изјави Роби во интервју за емисијата „BAFTA: A Life In Pictures“, нагласувајќи дека можеби изгледала самоуверено, но дека во никој случај не била.
Роби за време на снимањето на сцената имала само 22 години, а нејзиниот партнер Ди Каприо бил 15 години постар. Станува збор за сцена која се одвива во детската соба и во која Роби, која ја игра Наоми Лапаља, сопругата на Џордан Белфорт, се обидува да го испровоцира Ди Каприо покажувајќи го своето голо меѓуножје.
Ова е една од најексплицитните сцени во веќе многу експлицитен филм.
Пронајдете не на следниве мрежи: