Марина загуби значителна сума за кратко време

Најбогатата жена во Индонезија, Марина Будиман, која го предводи најголемиот оператор на центри за податоци во државата, „ДЦИ Индонезија“, забележа загуба од 3,6 милијарди долари во текот на само три дена. Пред ова, нејзиното богатство бележеше дневен раст од 350 милиони долари и достигна 7,5 милијарди долари, што ја постави на врвот како најбогата жена во Индонезија според Блумберговиот индекс на милијардери. Тогаш се случи драстичен обрат, кога акциите на „ДЦИ Индонезија“ значително паднаа, преполовувајќи го нејзиното богатство. Овие големи осцилации на пазарот се чести на индонезиската берза, што претставува сериозен предизвик за инвеститорите, известува „Блумберг“, пренесено од „Танјуг“. Вредностите на многу компании во Индонезија бележат флуктуации од над 1.000% во последниве години, што се чини не секогаш одразува реални финансиски основи. Индонезиската берза прифаќа многу компании чии акции се тргуваат не многу често. Аналитичарот Мохит Мирпури истакна дека тесниот простор на понуда и побарувачка значи дека секоја поголема трансакција може значително да влијае на цените на акциите. Експертите коментираат дека актуелниот нагол пад на акциите делумно е последица на популистичките мерки воведени од индонезискиот претседател Прабово Субианто, како и неизвесностата околу управувањето со Министерството за финансии, според њујоршката агенција.
The post Марина загуби значителна сума за кратко време appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: