Една од најпознатите текстописци во регионот е токму Марина Туцаковиќ која напишала многу хитови на естрадата, а некои нејзини песни, пејачите дури платиле и повеќе од 10 илјади евра.
На почетокот на кариерата на Цеца, Марина заедно со Александар Милиќ- мили пејачот од групата „;Милиграм“ пишувале песна за неа која подоцна станал вистински хит.
Имено пејачот Мили на својот Инстаграм профил објави како настанал хитот „Kad bi bio ranjen“.
-Оваа песна јас и Марина ја направивме мртви пијани во четири часот наутро и и се јавивме на Цеца. Слушај, одлепивме на песната, опиша Мили за детаљот кој не го знаеше јавноста до сега.