Маричиќ истакна дека имале значаен и содржаен состанок и разговарале на важни теми за двете земји, но и за случувањата во регионот.
-Денешната посета е уште една потврда за постоење на добра политичка волја и потенцијал за меѓусебна соработка во остварувањето на заедничките стратешки цели и нови инфраструктурни проекти кои ќе ја зголемат мобилноста на нашите граѓани, како отворањето на граничниот премин Маркова Нога за кој веруваме дека ќе има успешна реализација и брзо и ефикасно отворање, напиша Маричиќ на Фејсбук.
Додаде дека добрососедските односи и поддршката од Грција „отвораат простор да се фокусираме и да зборуваме за европската иднина и за македонските евроинтеграции“.
Алтернативниот шеф на грчката дипломатија на Твитер напиша дека „европскиот пат на Северна Македонија е поврзан со целосна имплементација на Договорот од Преспа“.