Марија се повлекува: Доживеав многу стрес, уморна сум од тоа да глумам будала

Се чини дека наредната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ нема да биде во ист состав.
Имено, Марија Шерифовиќ открила дека е многу уморна од натпреварувањето, па најверојатно ќе го напушти шоуто.
-Јас толку многу стрес доживеав па така најискрено размислувам ова да биде моја последна година, бидејќи се ми стана напорно и тешко. Оваа година заедно со натпреварувачите почнавме се да доживуваме поемотивно. Се караме едни со други повеќе од што е потребно.

Сепак тие се мои колеги и сакам од време на време да може да се сретнам со нив и да испијам едно кафе, рекла Шерифовиќ и додала:
-Седнав со Саша и му ја соопштив мојата одлука, секако не беше среќен поради ова, па ќе видиме што ќе биде. Уморна сум од тоа да изгледам како непристојна будала во шоуто, рекла Марија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.