Младата и преталентирана пејачка Антониа Гиговска и овој петок заблеска на сцената на музичкото натпреварува „Пинкови ѕвездички“. Овој пат таа се одлучи за песната „11“, која во оригинал ја изведува евровизиската победничка Марија Шерифовиќ.
За време на целиот настап жирито аплаудираше и се воодушевуваше, а на крајот некои членови од жирито дури и се поклонија.
-Мислам дека Марија Шерифовиќ, која секогаш за себе говори дека е најдобра пејачка што е и точно, ќе биде горда кога ќе те слушне тебе, кога ќе ја слушне изведбата на оваа песна, искоментира Кристина Коцкар.
Во продолжение погледнете го настапот на Антониа, веруваме дека ќе уживате еднакво како и жирито и публиката на ова музичко натпреварување.