Марија Шерифовиќ (39) неодамна го објави новиот албум „Долази љубов“, кој воедно е и името на нејзината претстојна музичка турнеја, а сега откри дека песната е посветена на нејзиниот син Мариo.
Пејачката, која неодамна ја изненади јавноста со веста дека добила дете, признала дека нејзиниот нов хит е напишан како ’прв подарок’ за нејзиниот син.
– Мојата ведрина доби лице. Музиката отсекогаш ми била единствениот начин да се објаснам, да споделам парче од мојата душа – напиша таа на Инстаграм.
View this post on Instagram A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)
-Песната ‘Долази љубов’ ја напишав заедно со авторите нему додека го чекав и сонувам. Затоа денес го споделувам со сите вас, за со него да сонувате за сите оние кои ви носат љубов и мир. Мојата љубов дојде – нејзиното име е Марио. Сине мој, ова ти е прв подарок – рекла Марија, која дури размислувала да ја одложи турнејата поради доаѓањето на нејзиниот син.
Таа неодамна на социјалните мрежи се појави со синот во прегратка, а на обожавателите им се заблагодари за поддршката и љубовта што ја добива откако во јавноста призна дека има дете.
Пејачката моментално е со синот во Лос Анџелес, а откри дека неколку пати се обидела да забремени и не успеала и дека тоа го направила со варијанта на сурогат мајка, а јајце клетките и ДНК на детето се нејзини.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.