МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ ПРЕТРЕСЕНА НА ЦАРИНА! Кога ја виделе содржината за малку скапо ќе си платела и тоа заради Карлеуша

Карлеуша на гардeроба троши немилосрдно, но добро знае дека долг список за фустани од нови колекции на познати брендови не ги праќа кај Душко Тoшиќ, за тој да не се шлогира, туку на другарка и Марија Шерифовиќ, која имала доволно време да пазари по Америка ова лето.
Но другарките не предвиделе дека и победничката на Евровизија можат да ја претресат цариници на аеродром, што и се случило.
Дали на цариниците им било сомнително што Шерифовиќ влечела два огромни куфери?
– Кога ги отвориле куферите и почнале да вадат елегантни фустани, еден по друг, само се погледнале. На сите им било јасно дека Марија никогаш не носи фустани, а сега ги имала десетина и тоа многу убави, прескапи и нови.
Се смееле и цариниците и Марија, бидејќи им било јасно дека ова не е гардароба за неа. Марија се шегувала на своја сметка, велејќи дека одлучила да го смени стилот на облекување, а потоа признала дека целата таа гардароба е за нејзината колешка Јелена Карлеуша. Уште рекла дека ЈК ќе и се налутела ако не и донесе се што порачала, бидејќи тоа во Србија нема да се купи.
Кога цариниците искоментирале дека многу етикети се исечени, што било направено со цел да се одбегне голема царина за нив, Марија тврдела дека фустаните биле ефтини.
На крај сепак Марија успеала да ги разоружа со својата харизна, но и реално, зошто би земале пари, кога тие фустани не се за продажба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.