Мари Кондо го полуде светот со нејзините волшебните трикови за средување, а сега има и нова книга

Младата Јапонка Мари Кондо го освои светот со своите две книги „The Life-Changing Magic of Tidying Up“ и „Spark Joy“ во кои советува како да се организираат работите во плакарите што е можно попаметно. Сега нејзината трета книга кружи низ целиот свет, всушност своевидна сликовница наречена „The Life-Changing Manga of Tidying Up“, за жена чиј живот целосно се променил благодарение на магичната моќ на организирањето.
Мари Кондо го полуде светот со нејзините волшебните трикови за средување, а сега има и нова книга
Книгите на Мари Кондо се веќе купени од многумина, но дури и оние кои не го купиле својот примерок до денес, сигурно слушнале за оваа жена која ги учи луѓето како да организираат сè во нивните животи, почнувајќи на предметите. Бидејќи има многу љубители на книги и нарачки кои веќе немаат место на полиците, а некои можеби немаат време ниту да читаат,Мари Кондо ги издвои трите најважни работи при средувањето.


1. Извадете од плакарот сè што не ви треба и ќе добиете повеќе простор
Овој совет многу добро ни се најде овие денови. Падна и првиот есенски дожд, па повторно се соочивме со тие вечни прашања: Што ќе облечам денес? Каде е мојата кошула? Каде е ова или она…?
Ова е веќе првиот знак дека нè чека есенско чистење и преуредување на работите во плакарите. Мари Кондо дава едноставен и логичен совет што всушност гласи: фрли сè што не ти треба за да создадеш место за она што ти треба.
Од сто работи во плакарот, ние користиме можеби само десетина, а сепак ако решиме да ги фрлиме тие 90 парчиња, ќе се плашиме од каењето. Затоа Мари Кондо охрабрува со тоа што сугерира дека ќе биде најлесно да се направи избор со тоа што ќе се извади сè од плакарот, а потоа ќе се погледне едно по едно и ќе се запрашате дали навистина тоа ви треба.
2. Чувајте по категории и никогаш нема да изгубите ништо
Кога работите ќе бидат подредени на овој начин, секогаш ќе знаете што и каде да барате. Кошули со кошули, документи со документи, електрични кабли со електрични кабли, полначи со полначи, клучеви со клучеви.


Значи, нема да има прашања: Каде го ставив клучот? Што е најверојатно вообичаено прашање во скоро секој дом. Подредувањето на работите по категории, како што веќе може да се види во првата реченица, не подразбира само облека, туку и бројни ситници и потреби во домаќинството, кои се чини дека „сакаат да се губат“.
3. Некоја облека треба да биде на закачалката
Некоја облека едноставно треба да стои на закачалка. Тој обесен дел од плакарот има и свои предности, особено кога облеката ја редите по боја.
Мари Кондо вели дека на овој начин ќе имаме увид во состојбата на нашата гардероба на дневна основа и нема да ни се случи да одиме да купиме црвена кошула ако веќе ја имаме дома

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.