МАРКО БИСЛИМОСКИ поднесе ОСТАВКА!

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска поднесе оставка.
.Бислимоски утрово со писмо го информирал претседателот на Собранието дека се повлекува од функцијата, без да ги наведе причините за повлекувањето.

 Бислимоски на функцијата претседател на Регулаторната комисија за енергетика беше избран во јуни 2018 година. Во 2023 година тој беше го почна вториот мандат во РКЕ.

Пред нешто повеќе од две недели Управата за финансиска полиција (УФП) му поднесе кривична пријава на Бислимоски под сомнение дека ја злоупотребил службената положба и овластување, бидејќи не ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје, иако не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива.  Бислимоски демантираше дека работел незаконски и рече дека ќе им ги стави на располагање сите информации на надлежните институции, со цел да докаже дека во постапката за одземање на лиценцата на компанијата не било направено никакво прекршување на законската регулатива.

Пронајдете не на следниве мрежи: