Марко Пејчиновски повторно го преплива Охридското езеро

Марко Пејчиновски од Охрид по вторпат го преплива Охридското езеро, целта ја мина за нешто повеќе од 14 часа.
По повод празникот Свети Наум, малиот Марко Пејчиновски одлучи уште еднаш да го преплива Охридското езеро.
Тој ја пливаше делницата од Охрид до Свети Наум која успеа да ја помине за нешто повеќе од 14 часа.
Марко стана познат на македонската јавност кога пред три години, на 12 годишна возраст и покрај здравствените проблеми (некроза на ногата), успеа да преплива од Охрид до Свети Наум. Сега го повтори тој голем подвиг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.