Возачот на Дукати, Марк Маркез, однесе победа на спринт трката што се одржа вечерва, во пресрет на Големата награда на Аргентина. Шпанскиот ас повторно триумфираше на патеката Тримас Де Рио Ондо, како што тоа го стори и на претходната трка во Тајланд. Слично како и пред две недели во Тајланд, Маркез беше повторно првиот на целта, додека неговиот помлад брат, Алекс, заостана на второто место, финиширајќи со девет десетинки разлика. Франческо Бањаја го освои третото место, заостанувајќи три секунди во споредба со шпанските возачи.
The post Марк Маркез победник на спринт трката во Аргентина appeared first on 365.mk.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.