Мароко: Бројот на загинати се искачи на 2.122, помошта доцна стигнува

Последните информации велат дека бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 2.122 лица, соопштија вчера вооружените сили на земјата. Повредени се најмалку 2.421 лице.
Граѓаните се фрустрирани што помошта не стигнува до градовите и селата во руралните планински области јужно од Маракеш.

Асни е на само 50 километри од Маракеш, а луѓето велат дека итно им е потребна помош.

„Немаме храна, немаме леб, зеленчук. Немаме ништо. Никој не дојде кај нас, немаме ништо. Имаме само Бог и кралот“, вели еден жител.
Се предупредува дека бројот на загинати може да продолжи да расте бидејќи спасувачите доцна стигнаа до оддалечените рурални области.

Мароко вчера објави дека прифати помош од четири странски земји, додека многу други земји исто така потврдија дека се подготвени да испратат помош.
Властите „во оваа фаза“ одговорија позитивно на понудите од Шпанија, Велика Британија, Катар и Обединетите Арапски Емирати „да испратат тимови за пребарување и спасување“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.