Ќе има ли одговорност за градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски по објавената видео снимка во која се слуша како им се заканува на наставници вработени во основно училиште дека ги прислушува нивните телефонски разговори?
Стојановски вчера заврши на информативен разговор во полиција каде се бранел дека снимката е стара неколку месеци и дека е направена за време на протест во основното училиште “Гоце Делчев” во Демир Хисар, кој се случил во средината на јануари оваа година.
Протестот се одржал поради промена на две учителки во други подрачни училишта.
– Значи, заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ги слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму,
-Значи сега признавате дека не прислушувате ?
– Јас не треба да ве прислушувам во еден Демир Хисар.По насока на Јавно обвинителство во Битола, Стојановски по разговорот е пуштен од полициската станица, а во врска со овој случај ќе се повикуваат повеќе лица на службен разговор со цел негово целосно расчистување, информираат од МВР.
Марјанче Стојановски на градоначалничката позиција дојде на последните избори, како кандидат од политчката партија СДСМ.