Вчера во 15:30 часот било пријавено дека во село Добридол, гостиварско, на паркинг од заталкано зрно од огнено оружје биле оштетени две патнички возила: „масерати“ со хрватски национални ознаки, сопственост на правно лице, паркирано од А.М.(26) од село Добридол и „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б.(28) од истото село.
Повредени лица нема.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар и се работи на расчистување на случајот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.