Автомобил марка „Мерцедес“ на српската пејачка Маја Маријана, утринава е запален пред нејзината куќа, дознава „Информер“
Две непознати лица со капи на главата упадаа во мојата гаража и го запалија мојот автомобил.Случајот е веднаш пријавен во полиција, а нив им кажавме се што знаеме.Немавме никакви закани, не знам за што се работи.
Кажавме на плицијата во кого се сомневаме, но тоа не би го изнесувала во јавност.Ќерка ми и јас сме преплашени, таа беше дома со мене во тој момнет. Полицијата ќе го испита целиот случај. Кога ја видив снимката од надзорните камери, се шокирав, не знаев што ме снашло. Причинета ми е огромна штета, автомобилот веќе не е во возна состојба, раскажала таа за порталот.