Илон Маск, директор на компаниите „Тесла“ и „СпејсИкс“, повторно го „вклучи алармот“ поради финансиската состојба во Соединетите Американски Држави.
Според него, Америка ќе биде „1000% банкротирана“ ако долгот не се контролира и технолошкиот развој не се забрза.
„Доколку нема големи иновации во вештачката интелигенција и роботиката, САД се соочуваат со практичен финансиски колапс“, предупреди Маск.
Маск наведува дека националниот долг на САД моментално надминува 38,5 трилиони долари, додека каматните плаќања за тој долг изнесуваат речиси 1 трилион долари годишно, што е повеќе од буџетот на американската војска.
„Само технолошкиот напредок може значително да го забрза економскиот раст и да ѝ даде на земјата време да избегне банкрот“, додаде Маск.
Според него, вештачката интелигенција и роботиката не се само иновации за индустријата, туку и клучна алатка за зачувување на финансиската стабилност на земјата. Тој, сепак, предупредува дека овој развој може да доведе до дефлација, бидејќи производството и услугите би растеле побрзо од количината на пари во економијата, што дополнително го зголемува реалниот долг.
Иако доларот останува светска резервна валута, давајќи им на САД флексибилност за позајмување, Маск верува дека ова не е одржливо на долг рок без раст во производството и технологијата.
Експертите истакнуваат дека предупредувањата на Маск доаѓаат во време на растечка загриженост за огромните буџетски дефицити и јавниот долг во САД, како и сè почести дискусии за стратегиите за одржлив економски раст.
„Не можеме да се потпреме само на фискални мерки. Технологијата мора да биде дел од решението“, заклучува Маск.
The post Маск: Америка 1.000 посто дека ќе банкротира, само вештачката интелигенција и роботите можат да ѝ помогнат appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



