Американскиот милијардер Илон Маск денеска изјави дека родителите и лекарите кои ги подложуваат децата на трансродови медицински третмани треба да завршат во доживотен затвор.
„Секој родител или лекар кој стерилизира дете пред да стане полнолетно треба да оди доживотен затвор“, напиша Маск на Твитер.
Неговата изјава беше одговор на активистката Џози Габах, која го критикуваше гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, дека се залага за закон со кој ќе се забрани трансродовиот медицински третман за малолетници, пишува Фокс Бизнис.
Ваквиот закон би се однесувал на забрана за блокирање на пубертетот и операција за промена на полот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.