Маск: Тесла ќе го претстави „Роботакси“ на 8 август

Американскиот производител на електрични возила Тесла планира на 8 август да го претстави своето долго ветено самоуправувачко „Роботакси“, објави шефот на компанијата Илон Маск.Тој не даде други детали во многу кратката објава на „X“. 
Tesla Robotaxi unveil on 8/8— Elon Musk (@elonmusk) April 5, 2024
Според претходните изјави, автономното возило ќе се базира на нова техничка платформа која ќе го направи производството поефикасно и попрофитабилно.Маск со години ветува дека Тесла ќе вози автономно и дека тоа радикално ќе ја промени вредноста на автомобилот и бизнис моделот.

Пронајдете не на следниве мрежи: