Масло и 7 кандила: Еве што Сека мораше да прави за да на свет го донесе Јован, a за да забремени била и во овој манастир во Грција!

Српската пејачка Сека Алексиќ утрово се породи со своето второ дете кое наместо Исак го крсти Јован во знак на светецот кој го прослави како семејна слава пред два дена.
Сека се породила по природен пат, а момчето е долго дури 53 сантиметри и е тешко 2 килограми и 780 грама, додека мајката и бебето се чувствуваат добро, пренесуваат српските медиуми.
Инаку таа пред два дена ја прослави и домашната слава Св. Јован што не е ни чудно што ова име му го дадоа на новороденото бебе.


-Не е како што ние сакаме, туку како што Господ вели! После нашата слава се роди Јован утрово, желбата на таткото исто така беше иста! Ми рече нека се вика Јован!
Инаку Сека за да остане бремена по втор пат таа со нејзиниот духовен отец Никола отишла на островот Егина во Грција каде таму со благослов од монахињите добила масло и седум кандила кои ги донела во Белград.
Маслото го пиела по инструкции на отецот и набрзо забременила.
Три години откако го доби синот Јаков пејачката повторно остана бремена, а денеска стана и мајка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.