сабота, 28 ноември 2026
Најново

Масовна ревизија на американските визи – 55 милиони носители би можеле да бидат изземени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Американскиот Стејт департмент ги разгледува податоците за повеќе од 55 милиони странци кои имаат американски визи за можни прекршувања на имиграциските и други правила што би можеле да доведат до откажување на визата или депортација.Министерството изјави дека сите носители на визи за САД подлежат на „тековна проверка“ дури и откако ќе им биде издадена визата.Службените лица проверуваат за прекршоци како што се пречекорување на визата, вклучување во криминални активности, закани за јавната безбедност или вклучување во или поддршка на терористички организации. Министерството објави дека од почетокот на претседателствувањето на администрацијата на Трамп, повеќе од шест илјади студентски визи се откажани поради нелегален престој или разни законски прекршувања.Инаку, САД престанаа да издаваат работни визи за странски возачи на камиони, објави американскиот државен секретар Марко Рубио.Мерката има за цел да ги заштити американските возачи и да ја зголеми безбедноста на патиштата.

Поврзани вести