Масовна тепачка во српски клуб во Австрија по преносот на мечот Хрватска – Србија

Во просториите на српски клуб во Линц во Австрија, избила масовна тепачка во петокот навечер по телевизискиот пренос на фудбалскиот меч меѓу Хрватска и Србија, соопшти во саботата полицијата на покраината Горна Австрија.

Локалната полиција околу полноќ добила пријава за нереди во просториите на српскиот клуб. Кога полицајците пристигнале во клубот наишле на педесетина лица кои учествувале во општа тепачка, а полицијата морала да ангажира припадници на девет патроли за да ги смири.
 Двајца најнасилни навивачи биле приведени, а некои од учесниците во тепачката биле полесно повредени. Точниот број учесници и повредени во тепачката, како и точната причина за нередот уште не се утврдени.
Макфакс
Во просториите на српски клуб во Линц во Австрија, избила масовна тепачка во петокот навечер п

Пронајдете не на следниве мрежи: