Осомничениот напаѓач, Австралјанецот Брентон Тарант (28) кој што го изврши нападот во две џамии во Нов Зеланд за време на петочната молитва од 9 до 15 нември престојувал во Бугарија, истакна бугарскиот обвинител Сотир Цацаров.
Отворена е истрага за да се утврди неговиот престој, дали сакал да посети некои историски места и да ја проучи балканската историја или пак имал друга цел, истакна на пресконференција бугарскиот обвинител.
Бугарскиот министер за внатрешни работи Младен маринов додаде дека цел на истрагата е да се утврдат мотивите за престојот и можните контакти со други лица.
Според првичните елементи од истрагата, нема информации за терористички активности или контакти со лица од Бугарија, рече обвинителот.
Истражителите веќе имаат прецизни информации за неговиот престој во Бугарија. Тој во софија пристигнал од Дубаи на 9 ноември, на 10 ноември изнајмил автомобил и посетил 10 историски локации во земјата.
Од Бугарија си заминал на 15 ноември со лет за Букурешт, каде што исто така изнајмил автомобил за да оди во Унхарија, додаде обвинителот. Тоа не му пило прв пат Австралјанцот да престојува во југоисточна Европа.
Според истите извори, тој кратко престојувал на Балканот од 28 до 30 декември 2016 година, кога со автобус патувал преку Србија, Хрватска, Црна Гора и БиХ.
Бугарските власти за оваа истрага се во контакт со властите од САД, Нов Зеланд, Австралија, Соединетите Арапски Емирати, Србија и Црна Гора.
Осомничениот за нападот во Нов Зеланд, во кој беа убиени 49 лица објави документи преку кои како мотив за своето делување го наведе фактот против емиграцијата која ја поплавува културата на белите народи во Европа.
Некои елементи од грозоморниот чин се поврзуваат со балканската историја и борбата против Османлиската империја.