среда, 25 ноември 2026
Најново

Масовни протести во Словачка: Десетици илјади луѓе против Владата на Фицо

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Десетици илјади луѓе се собраа синоќа во словачките градови за да протестираат против Владата на левичарскиот националистички премиер Роберт Фицо, јави ДПА.

Демонстрациите беа одржани по повод 36-годишнината од Кадифената револуција против комунистичкиот режим на тогашна Чехословачка.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На протестите повикаа опозициските партии и групите на граѓанското општество, вклучувајќи ја и иницијативата „Мир за Украина“.

Организаторите соопштија дека до 50.000 луѓе го истрпеле дождот за да се соберат на плоштадот Слобода во Братислава, спроти седиштето на Владата.

Учесниците го одбележаа падот на комунистичкиот режим и побараа посилна поддршка за Украина.

Демонстрантите скандираа „Доста ни е од Фицо“ и држеа транспаренти со кои повикуваа на прекин на трипартиската коалиција што ја предводи тој.

Демонстрантите ја обвинија Владата за поткопување на демократијата и ги критикуваа неодамнешните мерки за штедење насочени кон намалување на високиот јавен долг на Словачка.

Лидерот на либералната опозиција Михал Шимечка, чија партија изби пред партијата Смер (Насока) на Фицо во неодамнешните анкети на јавното мислење, направи паралела меѓу минатото и сегашноста во својот говор.

– Храброста и желбата за слобода ги мотивираа успешните протести во 1989 година, рече тој. – Ова се токму двете вредности што комунистите не ги разбраа и што Роберт Фицо не ги разбира денес. Затоа ќе изгуби, исто како што изгубија комунистите, истакна Шимечка.

Поврзани вести