Селото Телиш во Бугарија денеска протестира поради убиеното 12-годишно девојче Сијана. Народното незадоволство е под мотото „Време е да се запре смртта на бугарските патишта“.
На протестот се собраа илјадници луѓе. Бараат итно да се санира патот, да се контролира сообраќајот на тешките товарни возила и да се воведат казни за оние кои со години дозволувале сигналите за лошата состојба на делницата Луковит – Плевен да не се слушаат.
Николај Попов, татко на починатото дете, изјави дека на патиштата во околината се блокирани 3.000 автомобили и 1.000 мотори кои тргнале на протестот.
„Продолжуваме да поставуваме прашања. Кога ќе се разбуди нацијата, тогаш доаѓа до будење. Илјадниците луѓе кои ме поддржуваат во нашата заедничка кауза ми даваат сила да продолжам“, рече Николај Попов.