Потребни состојки:
(за 8 мафини)
1 јајце
130 г шеќери
120 мл кокосово млеко
90 мл масло
150 г брашно
1 прашок за печиво
1 лажичка екстракт од ванила
Прстофат сол
50 г кокосово брашно
Начин на подготовка:
Изматете го јајцето со шеќер и додајте екстракт од ванила, масло и кокосово млеко. Посебно промешајте брашно, прашок за печиво и сол и додајте ги во смесата со течни состојки. Измешајте ја смесата рачно за да се изедначи, а потоа додајте го кокосовото брашно. Наполнете ги модлите за мафини и ставете ги во рерна на 170 степени околу 25 минути. Извадете ги од калап и оставете ги да се изладат. Откако ќе се изладат наросете ги со шеќер во прав.