Мафини со сирење и спанаќ

Потребни состојки:
2 лажици маслиново масло
1 лажичка сол
Половина прашок за печиво
60 г пченкарно брашно
50 г пармезан
3 јајца
300 г свежо кравјо сирење
150 г свеж спанаќ
1 лажичка вегета
Начин на подготовка:
Измијте го спанаќот, исечкајте го, посолете го и оставете го да отстои околу 10 минути. Изматете ја жолчката со маслиново масло, додајте пармезан, вегета, сирење и спанаќ.
Изматете, па додајте брашно промешано со прашок за печиво и цврст снег од белки.
Ставете две-три лажици од смесата во калап за мафини и печете во рерна на 180 степени околу 25 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.