Потребни состојки:
-2 јајца
-200 мл јогурт
-160 мл масло
-1 чаша од 180 мл шеќер
-2 чаши од 180 мл брашно
-2 пакетчиња ванилин шеќер
-1 прашок за пециво
-100 г чоколадо за готвење
-300 г вишни
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилин шеќерот, па полека додадете ги јогуртот и маслото. Брашното измешајте го со прашокот за пециво, па соединете со изматената смеса.
Чоколадото за готвење исечете го на коцки, па додадете го во смесата. Потоа додадете и 2/3 од вишните, претходно исцедени од сокот и посипени со лажица шеќер.
Смесата ставете ја во калапи, на секој мафин пред печење втиснете неколку вишни. Печете околу 20 минути на 200 степени.