Рускиот борец Ислам Махачев по одлична борба го совлада Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски, но шампионот сега се соочува со сериозни обвинувања и би можел да добие двегодишна суспензија.
Махачев е осомничен дека користел инфузија за рехабилитација пред борбата со Волкановски, а УФЦ соработува со Американската анти-допинг агенција за решавање на случајот.
Русинот пред неколку дена за измама беше обвинет и од ММА-борецот, Ден Хукер.
„Глупакот мисли дека може да дојде во Австралија и да најде медицинска сестра да му даде инфузија и притоа никој нема да дознае? Измамник“, кажа Хукер.
Хукер кажа дека користење инфузија при враќање на тежината не е дозволено во УФЦ и затоа се истражува целиот случај.