Мацут ја презеде функцијата премиер од Вучевиќ

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска ги презеде должностите на премиерот Милош Вучевиќ.

Мацут ја презеде функцијата премиер нешто пред 10 часот во Владата на Србија, каде претходно се сретна со Вучевиќ.
Мацут во вторникот во српското Собрание ја претстави програмата и составот на својот кабинет, а во споредба со владата предводена од Вучевиќ ќе има третина од новите министри.

Поранешниот премиер на Србија, Вучевиќ, на својот Инстаграм профил им го честита преземањето на функцијата на новата српска Влада и премиерот Мацут и порача дека во време на големи предизвици и тешки задачи, важно е да направат се за да се зачува националното единство, да се смират тензиите во општеството и секогаш и секаде да ги застапуваат и штитат државните и националните интереси.

Пронајдете не на следниве мрежи: