Мачор се врати на сопственикот по 18 години

По 18 години лутање, мачор по името Кимба му се вратил на својот сопственик во германскиот главен град Берлин. Исцрпен и запуштен, Кимба го нашла полицијата по неколку повици на загрижени поминувачи кои пријавиле дека „мјаукал тажно“ на улица во берлинскиот кварт Маринфелд. Скенирањето на неговиот микрочип покажало дека неговиот сопственик Питер Фабијан (65) го пријавил неговото исчезнување пред 18 години. Кимба бил вдомен од засолниште за животни во Минхен во 2000. година. Фабијан раскажал дека тогаш осуммесечниот црн мачор „бил многу посебен“. Недолго по неговото исчезнување Фабијан се преселил од Минхен во Берлин, каде што живее до денес. Верува дека Кимба не сакал да се пресели од неговиот град и поради тоа си заминал од него. -Направив посебна вратичка за него, но еднаш кога отиде, никогаш повеќе не се врати, изјави Фабијан. Минатиот петок тој добил изненаден повик од полицијата во Минхен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.