Машина за месо ѝ откина прсти на вработена во „Рамстор“

Вработена во маркетот „Рамстор“ во трговскиот центар „Капитол“ во скопската населба Аеродром, завечера тешко ја повредила раката чистејќи ја машината за мелење месо, објави Плусинфо.
Веднаш била повикана екипата на Итната медицинска помош, но и екипа на Противпожарната бригада.
“Нашата лекарска екипа веднаш интервенираше, откако бевме повикани поради тоа што на вработена при чистење на машината за мелење месо и биле отсечени прстите на едната рака. Откако и беше укажана помош на лице место, таа е пренесена во Ургентниот центар при скопските клиники, каде најверојатно ќе и бидат ампутирани повредените прсти“, изјавија во скопската служба за Итна медицинска помош.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.