Машините го преземаат светот: Роботите до 2025. ќе вршат повеќе работи од луѓето

Роботите најдоцна до 2025. година ќе вршат 52 проценти од постоечките работи, речиси двојно повеќе од денес, покажало истражувањето на Светскиот економски форум.
Истражувањето е засновано на анкети во кои учествувале директори од кадровски служби и други високо рангирани лидери на низа компании од целиот свет со учество во глобалниот БДП од 70 проценти.
Според нивната проценка, “машините до 2025. година ќе вршат повеќе од половина од постоечките задачи на работните места, додека денес вршат 29 проценти”.


Во денес објавеното истражување на “WEF” со име “Иднината на работните места 2018. година”, се проценува дека истовремено луѓето би можеле да добијат нови улоги, што од нив ќе бара да се преквалификуваат за да држат чекор со “сеизмичките промени” во работата со машините и компјутерските програми.
Брзите промени на машините и алгроритмите, компјутерските процеси насочени на решавање на проблеми, “би можеле да креираат 133 милиони нови улоги”.

Се наведува дека авторите на извештајот предвидуваат дека роботите брзо ќе ги заменат луѓето во сметководството, управувањето со клиенти, и во индустрискиот, поштенскиот и секретарскиот сектор.
Паралелно би требало да порасне побарувачката за работи кои бараат “човекови вештини”, како продажба, маркетинг и односи со клиенти, како и електронска трговија на социјалните мрежи.
Во извештајот се наведува дека голем предизвик ќе биде преквалификацијата на работниците, кои ќе бидат под притисок да усвојат нови вештини, посебно на подрачјето на “креативноста, критичното мислење и уверување”.
Авторите нагласуваат дека до 2022. година посебно голема ќе биде потребата за преквалификација на работниците во авио-сообраќајот, секторот за патување и туризам и го истакнуваат општиот тренд на континуирано учење и прилагодување.
Во извештајот на “WEF” владите се советуваат да подготват програми за поддршка на работниците и заедниците, загрозени од овие промени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.